дне BO KAMPOT

8.30

Ѕвоното не буди!!!

Доброутро деца! Започнува уште еден сончев ден во кампот. Станувам од креветот и брзам за да може со својата група да ја завршам утринската хигиена. Со објава не повикуваат на главниот плоштад каде се крева знамето. Таму не запознаваат со работите кои ќе ги правиме тој ден.

παιδική κατασκήνωση πρωϊνό ξύπνημα
9.00

ДОРУЧЕК

И сега веќе не е тајна. Сакам млеко, какао и чоколадо. После доручекот се враќам во својата соба за да почнам со припремите. Денес е мој ден да ги средувам крпите. Среќа, другарот кој не чува знае најубаво да ги реди работите и веќе сме сигурни дека после проверката ќе победиме како најчиста соба.

παιδική κατασκήνωση πρωϊνό
10.15

УЖИНКА И АКТИВНОСТИ

Ужинката ја добиваме во соба. Можеме да почнеме со утринските активности. Можностите се разни, возбудата расте. Сакам фудбал, одбојка на песок, сакам да правам многу работи.

παιδική κατασκήνωση δραστηριότητες
11.30

МОРЕ И БАЗЕНТ

Облекувам костим за капење, ставам капа, кремата за сончање е веќе тука. Базен или море, каде попрво, ќе пливам, ќе играм и ќе бидам кул.

παιδική κατασκήνωση θάλασσα
14.00

РУЧЕК

Веќе се чувствува мирис од кујната, нешто вкусно се спрема. Мелено месо и долги шпагети со сос ... нема што нема.

παιδική κατασκήνωση φαγητό
15.00

ПОПЛАДНЕВНА ДРЕМКА

Дојде време да легнеме малку. Попладневната дремка баш добро доаѓа, да се одмориме и да ја вратиме силата, неколку часа сон добро ни дојде. До новиот повик ќе бидеме спремни, кога гласно ќе не повикаат сите, со нови активности и игри и нови пријателства.

παιδική κατασκήνωση μεσημέρι
17.00

УЖИНКА - АКТИВНОСТИ

И после дремката доаѓа ужинка! Денес ќе ни даваат сладолед. Времето за активности ни е се поблиску. Се прашувам што ќе биде на крајот. Екстремен спорт после вежби и играње. Ни минута не губиме, бидете без грижи.

παιδική κατασκήνωση δραστηριότητες
20.15

ВЕЧЕРА

Мојот тим се собира на главниот плоштад и знамето полека се спушта. Ги дознаваме новостите од денот и пуштаат некоја убава музика. За вечера имаме бургер и помфрит, овде храната е многу вкусна.

παιδική κατασκήνωση φαγητό
21.30

ВЕЧЕРНА ЗАБАВА

Времето кое го чекавме сите. Вечерната забава почува брзо. Што ли ќе има вечерва, театар, кино, лов на богатство или нешто друго.

παιδική κατασκήνωση ψυχαγωγία
23.30

ВРЕМЕ ЗА ОДМОР

Полека се враќаме во своите соби, ги миеме забите, се тушираме и слично. Веќе сме поспани бидејќи си поминавме одлично. Време е за во кревет, бидејќи сме многу изморени од игрите, го гасиме светлото бидејќи помладите кампери веќе спијат.
Лека ноќ!

παιδική κατασκήνωση ύπνος 
παιδικη κατασκηνωση στη Χαλκιδικη